Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во Општина Чаир.

Таа рече дека објектот се гради без никакви документи, без проект и без одобрение за градба. Ги повика МВР и ЦУК да излезат на терен и да реагираат.

Според Арсовска, станува збор за дивоградба од неколку илјада метри квадратни на државно земјиште, а како што рече, изградбата ја дозволил градоначалникот Висар Ганиу. Како што покажува на видеото, објектот се гради на еден метар до станбена зграда, односно пред прозорците на станарите.

„Во моментов во општина Чаир спротивно на закон си почнале нова дивоградба, за жал во овој момент не реагира МВР, го повикуваме министерот Панче Тошковски кој би требало да реагира, и го повикуваме Стојанче Ангелов овие необезбедениве дупки, каде може сакој случаен минувач да се повреди, да излезат на лице место и да ни кажат дали има сејфти фрст“, вели Арсовска.

„Возила нерегистрирани, без никаква дозвола, нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниту еден документ со кој се гарантира безбедност на градба, и да не се чудиме она кое се случува во Македонија. Дополнително објектот е во ГУП на Скопје, каде овие тука си одлучиле да си прават зграда без ниту еден документ“, рече Арсовска.