Денеска поставуваме сериозно и алармантно прашање: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност, прашуваат од СДММ.

„Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од Министерството за внатрешни работи – со што би се потврдило дека оваа пријава навистина е доставена и примена во законскиот рок“.

Не е наведена количината на пиротехнички средства што ќе се користат, што е обврска според член 39 од Законот за употреба на пиротехнички средства, вели Бојан Цветаноски, претседател на ЛК СДММ Прилеп.

„Но што е клучно. На документот стои ознака со број 23.23.5.5188/2.
Според нашите информации ова е интерна ознака, која не ја става известителот, туку ја додава началникот на СВР по приемот на актот. Тоа значи, оваа ознака не може да биде дел од документот што го објавува УМС туку е службена ознака по прием. Со други зборови, оваа хартија што се обидоа да ја протнат како легален документ постои голема веројатно дека не е релана“.

Очекува, како што нагласи, одговори од МВР и Панче Тошковски и праша дали е ова фалсификат.

Според него, нема правда ако институциите фалсификуваат документи за да ги штитат партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако ова се потврди, ќе бараме, потенцира Цветаноски, кривична одговорност за сите инволвирани, од извршителите до политичките наредбодавци.