Адис Јаховиќ повторно влезе во голгетерска форма. На последните шест мечеви во турскара супер лига постигна пет голови. Попладнево го тресеше Трабзон, но немаа среќа Гозтепе, бидејќи одиграа 1:1.

Навистина штета што се скарани со селекторот Ангеловски, не се во добри односни, поради онаа јавна преписка меѓусебна, инаку Јаховиќ ќе беше добра замена за Илија Несторовски кој како што е познато поради повреда нема да игра на ЕП за Македонија.

Инаку, попладнево во турската супер лига два гола постигна и Аврамовски за неговиот Кајзери кој славеше со 6:3 против Денизлиспор.