Гасењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираат од Центарот за управување со кризи.

Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, појаснуваат од центарот.

„БППЗ на Град Скопје од 01.50 часот гасне запален магацин на неутврдена површина на ул. „Прохор Пчински“ во Скопје. Интервенцијата ја извршува со 7 возила и 20 пожарникари. На лице место освен единици од БППЗ кои го гасат пожарот се и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од БППЗ, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишан чад (Општина Чаир)“, соопшти ЦУК.