Пред неколку дена партијата СНС на Александар Вучиќ организираше митинг во Белград, а автобуси пристигнуваа од секаде, па дури и од Македонија. Иако тврдеа дека самоиницијативно доаѓаат на митингот и дека нема никаква организација, сепак видео кое се појави на социјалните мрежи го зборува сосема спротивното. Имено, во еден автобус се даваат инструкции на присутните. Им велат дека ќе добијат сендвичи, три водички, а по излегувањето од автобусот да не се разотидат, туку да бидат заедно и да се фотографираат како доказ дека биле на митингот. Во еден момент им се вели дека во автобусот ќе направат селфи и ќе глумат дека се среќни, односно да се смеат.