Според последните информации на медиумите, во моментов најголема снежна покривка во Хрватска има во Горски котор – 30 сантиметри.

Дува и силен ветер, пренесува порталот Индекс.хр

Како што е наведено и во останатите денови ќе има оркански ветер, дожд долж крајбрежјето, посебно на подрачјето на Далмација. Локално можни се врнежи на град, па и појава на невреме.

Хрватскиот хидрометеоролошки завод денеска издаде црвено предупредување за подрачјето на Ријека, Кварнера и Велебитски канал и портокалово предупредување за подрачјето на госпичкиот регион, западното крајбрежје на Истра и Далмација.

Во Ријека се очекуваат силни ветрови, а најсилните ќе бидат од 110 до 200 километри на час.