Најмалку две лица загинаа, а десетици домови беа уништени кога силниот циклон Јаса ја погоди островската држава Фиџи во текот на ноќта, соопштија денеска властите на таа земја.

Премиерот на Фиџи, Френк Франк Баинимарама, обраќајќи се преку видео порака рече дека  настраданите се тримесечно бебе и маж на четириесет години.

„Прашината допрва треба да се смири, но ние веројатно ја разгледуваме штетата од стотици милиони долари“, рече Баинимарама.

Тој додаде дека ветровите достигнале 345 километри на час, пренесува АП.

Телевизијата ФЦБ Њуз објави дека еден од загинатите е Рамеш Чанд, земјоделец кој се засолнил од циклонот во неговата куќа на островот Вануа Лева кога дел од куќата паднал врз него. Во таа прилика бил повреден и неговиот постар син.

Ричард Маркам, еден од сопствениците на мала компанија што произведува чоколадо на фарма на островот, изјави дека скршени дрвја се гледаат насекаде и дека има прекин на струја.

Властите соопштија дека циклонот ослабе денес кога се движеше југоисточно над некои од надворешните острови на Фиџи, но предупредија на опасност од поплава.