Фудбалерите на Милан поведоа против Црвена звезда 2: 1 од чудниот удар од пенал кој го изведе Тео Хернандез во 61. минута.
Судијата Тасос Сидиропулос, по консултација со ВАР, ја потврди одлуката за досуден пенал за фаулот на Радован Панков, иако не е јасно дали имало вистински контакт.
Тоа зависи од аголот од кој гледате. Само што падна Тео, тој веднаш се сврте кон судиите, Сидиропулос немаше дилема и доби потврден одговор од просторијата ВАР.
По две одлуки во корист на црвено-белите и два поништени гола на Милан од првото полувреме , судиите од ВАР просторијата сигнализираа дека виделе контакт помеѓу Панков и Хернандез и дека тоа е за најстрога казна.
— SportBot (@SportBot11) February 18, 2021