Дакота Џонсон, која неодамна направи спектакл во фустан од модната куќа Валентино, привлече големо внимание со својот стајлинг на Филмскиот фестивал во Цирих, а видеото стана вирално поради обувките што ги носеше.
Станува збор за чизми кои привлекоа огромно внимание на интернет, а видеото собра повеќе од 13 милиони прегледи и предизвика лавина од коментари.
„Значи, сите сме тука поради овие чизми?“, „Треба да знам од каде се овие чизми“, „Чизмите се предобри“, „Најдобриот избор досега“, „Каде можам да ги купам овие чизми?“, „Нека ми каже некој веднаш деталите“, гласат некои од коментарите на интернет.
@_silke_16 She can’t be real #dakotajohnson #dakota #fyp #foryouu #fiftyshades ♬ original sound – t
Моделот е од престижната модна куќа Saint Laurent. Станува збор за чизми до колена наречени Nico, кои имаат блок пета од дури 15 сантиметри, заоблен врв и златна тока со препознатливото лого на брендот на глуждот. Чинат околу 2.500 евра и се достапни во неколку верзии.
Дакота носеше црна боја, но може да се најдат и во бордо боја, како и во пократка верзија.
Интересно е што овие чизми се толку популарни што се распродадени речиси насекаде, а само неколку големини се достапни на официјалната веб-страница на брендот. За оние кои „ја пропуштиле шансата“, постои опција да се пријават на листа на чекање.
фото: принтскрин
Текстот (Видео) Чизмите на Дакота Џонсон предизвикаа хаос на интернет: распродадени се е превземен од МАКФАКС.























