Во последниот натпревар од 14. коло од Премиер лигата, Челси во градското дерби со 3:0 го совлада Вест Хем.

„Сините“ вечерва ја прекинаа серијата од два порази по ред во Премиер лигата, и тоа со победата од 3:0 над Вест Хем.

Фудбалерите на Челси беа подобар тим во текот на целиот натпревар и за разлика од претходни натпревари притив „чеканите“, овој пат не им дадоа ниту еден промил шанса да се надеваат дека можат да дојдат до изненадување.

Челси поведе уште во 10. минута кога по корнерот на Мејсон Гринвуд, највисоко скокна Тијаго Силва и ја затресе мрежата на Фабијански.
Во второто полувреме, Челси за две минути ги реши дилемите околу победникот и тоа благодарение на Тами Абрахам. Напаѓачот прво во 78. минута зголеми на 2:0, а две минути подоцна го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Челси се искачи на петтата позиција на табелата со 25 бода, додека Вест Хем е 10. со 21 бод.