Во фабриката за ајфони во Индија поради протестите на вработените причинета е штета од 7 милиони долари, пренесува Ројтерс. Работниците во фабриката кој е сопственост на тајванската компанија Вистрон, велат дека не им било исплатено она што им било ветено и бараат подобри услови за работа.

Весникот Тајмс од Индиа објави драматично видео од протестите, дололувајќи го незадоволството на работниците.

„Повеќето од речиси 2.000 вработени, кои го напуштија објектот по завршувањето на ноќната смена, дивееја уништувајќи го мебелот на компанијата, монтажните единици, па дури се обидоа да ги запалат возилата, објави весникот кој потоа и детално ги наведе платите  што работниците требало да ги добиваат.

-Иако на дипломираниот инженер му ветија 21.000 рупии (286 долари) месечно, неговата плата беше намалена на 16.000 рупии (218 долари) и, потоа и на 12.000 рупии (163 долари) во последните месеци. Месечната плата на дипломирани студенти кои не се инжинери се намали на 8.000 рупии (109 долари). Износот на заработката што се припишува на нашите сметки се намалува и беше фрустрирачки да се види ова. “Некои работници тврдат дека добиле месечна заработка од само 500 рупии односно 6,80 американски долари.

Вистрон е еден од најдобрите добавувачи на „Епл“ и реномираната американска компанија вели дека ја испитува ситуацијата за да утврди дали Вистрон ги прекршил упатствата за снабдувачи на „Епл“.

Индија е втор по големина пазар на паметни телефони во светот после Кина, но Индија е исклучително конкурентен и ценовно свесен пазар на кој Епл има само околу 3 проценти од пазарот. Еден од начините Епл да ги намали цените во Индија е локалната изработувачка на телефони, што му овозможува да ги избегне индиските царини кои се посебно високи за стока произведена во Кина. Фабриката во Вистрон, е позната по тоа што го произведува најевтиниот телефон на Епл, ајфон SE.