Луѓето со бугарско државјанство што живеат во РС Македонија гласаат во бугарската амбасада во Скопје, јавува бугарската агенција БГНЕС. Гласањето се одвива непречено и без никакви тешкотии.
„Гласањето не е само право, туку е и должност на сите, вклучително и на македонските Бугари“, изјави за БГНЕС Владо Перев, кој го искористи своето право на глас денес претпладне. Според него, „голем број македонски Бугари одбиваат да гласаат од страв да не бидат снимени и прогонети“.
„Јас лично, но и повеќето луѓе тука во РС Македонија, не очекуваме каква било промена во бугарската политика кон РСМ. Ова е јасно и од неодамнешните изјави на претседателот Румен Радев, во кои искажува зајакнување на бугарската позиција. Очекуваме бугарската страната да се придржува до позицијата на Парламентот, но убедени сме дека двете земји имаат заедничка иднина во европското семејство “, додаде Перев.
Извор: Трибуна