Српската премиерка Ана Брнабиќ, на денешната вонредна прес-конференција зборуваше за криминалната група на Вељко Беливук, односно за луѓето од државниот врв кои му помагале.
– Мислам дека е очигледно дека во целиот овој процес, некој што работел за државата, работел и за мафијата. Претседателот јасно стави до знаење дека имаме такви сомнежи и дека не смеат да се толерираат. И тогаш започна истрагата. Мафијата имаше некој во државните структури – во Министерството за внатрешни работи и можеби во некои други структури на државната безбедност. Сега го истражуваме сето тоа – рече Брнабиќ.
Премиерката потврди дека има нови детали во случајот, но истакна дека не може да ги открие бидејќи истрагата продолжува.
Според неа, паднал клан кој бил посилен и поопасен од Земунскиот.