Поп – принцезата Бритни Спирс прими вакцина против коронавирусот. Пејачката објави и кратко видео на својот инстаграм – профил, заедно со нејзиното момче Сем Асгари.

„Што мислите за вакцината?“, ја праша Сем.

„Луѓето на Интернет рекоа дека е ужасно и дека се чувствува како куршум да минува низ раката, сепак, воопшто не беше така. Не почувствував ништо. Добро сум и се надевам дека ќе бидам добро“, изјави пејачката преку видео пораката.