Во последниве години, се почесто во јавноста може да се видат видеа и објави за поддршка на Бритни Спирс. А имено, загрижените обожаватели ѝ испраќаат стотици пораки дневно прашувајќи за нејзината благосостојба…

Секоја фотографија што ја објавува Бритни Спирс на социјалните мрежи е преплавена со коментари за поддршка и понуди за помош, но тоа не застанува тука. Луѓето ја анализираат секоја нејзина објава, фотографија и видео барајќи скриени значења и извици за помош и во најмалите детали.

Во неделата, таа конечно одлучи да објави видео во кое, по долгогодишно молчење, ќе одговари на некои прашања на нејзините загрижени обожаватели. Видеото го прегледале над 3,4 милиони луѓе за само еден ден.

Бритни често објавува видеа на кои танцува, па нејзиниот прв одговор беше поврзан токму со тоа прашање.

Конечно ќе одговорам на сите ваши прашања. Првото прашање кое многумина од вас ми го поставуват е дали ми се врти во главата кога се вртам додека танцувам? Да, добивам вртоглавица, но јас сум танчерка. Се додека се концентрирам на една точка додека се вртам, не е толку страшно“, одговори таа.

По овој одговор, следбениците беа загрижени дека ѕвездата ќе ги прескокне прашањата поврзани со нејзините неодамнешни бизарни објави, но се случи токму спротивното.

Спирс се осврна на фотографија од црвен фрижидер што го објави пред неколку недели. Сепак, Бритни рече дека мислела дека е „кул“ и едноставно сакала да го објави. Како што вели, немало скриени значења зад самата фотографија.

Искрено, само мислев дека изгледа добро. Винтиџ е, црвен е и ми беше навистина кул“, рече пејачката.

Следниот одговор целосно ги воодушеви следбениците кои со години бараа какви било знаци со кои Бритни ќе покаже дека е добро.

Јас сум одлично! Пресреќна сум. Имам прекрасен дом и деца. Во моментов правам пауза од сè затоа што сакам малку да уживам“, одговори Бритни на последното прашање.

Се разбира, голем број од нејзините следбеници повторно коментираа дека нејзините одговори не биле целосно искрени. Ова сомневање произлегува од долгогодишното обликување на разни теории за состојбата на Бритни откако се повлече од јавната сцена.

Сведок на ова е и документарниот филм на Њујорк Тајмс „Framing Britney Spears“. Во тој документарец сведочеа нејзини поранешни соработници, но Бритни не се појави во документарецот. Многу луѓе коментираа дека документарецот е болен и тежок за гледање.