Бритни Спирс на својот инстаграм – профил објави видео во кое танцува на песна од Џеј Зи, во која како спореден вокал се јавува Џастин Тимберлејк.
Под бизарното видео, пејачката го означи Џастин и со тоа предизвика бура од реакции од нејзините следбеници.
Бритни и Џастин беа едни од најпознатите славни парови, а нивната тригодишна врска ја прекинаа во далечната 2002 година.
„Колку само тагува по Џастин“, „Го чекаме коментарот на Џастин“, „О Боже, го означи“, беа само дел од бројните коментари на фановите, а додека некои од нив сериозно се загрижија за Бритни.
„Се молам за тебе“, „Не се грижам за Џастин, но едноставно тој не треба да те гледа така“, „Општо, ова изгледа како да танцува пред огледало, не знаејќи дека ја снимаат и дека сево ова ќе заврши на Интернет“,„ Ова станува сè поболно за гледање “, „Ова е толку страшно“, „Таа не е добро“, се само некои од коментарите на нејзините бројни следбеници.