Инцидентот на кинескиот шпионски балон кој прелета низ американското небо пред да биде соборен, ги инспирираше британските јутјубери да го пробаат истото.
Џош Питерс и Арчи Манерс дошле до она што мислеле дека е брилијантна идеја да испратат шпионски балон во Кина. Бидејќи немале идеја како да го направат тоа, по многу бреинсторминг, решиле да искористат правен факт што ќе им овозможи да го реализираат својот план.
Балон над „Кина“
Бидејќи амбасадите во други земји законски се сметаат за дел од територијата и јурисдикција на таа земја, момците сфатија дека технички можат да испратат балон со GoPro камера прикачена над „Кина“.
Иако адвокатот ги предупредил на можни проблеми, Јутјуберите заклучиле дека тоа е „досадно“ и решиле да купат балон и да го наполнат со хелиум, а кога случаен минувач ги прашал дали креваат шпионски балон, тие итро тоа го негирале.
Успеале во нивниот план
Јутјуберите пуштија балон да лебди над кинеската амбасада во Лондон и навистина, технички гледано, испратија шпионски балон во Кина.
„Го направивме тоа. Нашата шпионска камера зјапаше во прозорците на Кина. Дури забележавме човек на покривот“, рече Питерс. Секако, полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и им рекла да го издишат балонот бидејќи „може да навреди некои луѓе внатре“.
„Не сакаме да ги навредиме Кинезите – тоа дефинитивно не е дел од планот“, одговори Манерс пред да го дупне балонот и да ја заврши шпионската приказна.