Селекцијата на Бразил прва обезбеди пласман во финалето на ОИ во Токио, откако беше подобар изведувач на пеналите од Мексико. На крајот 4:1 во удари од белата точка, а во 120-те минути немаше погодоци. Противник на бразикските фудбалери во финалето и нивниот обид да дојдат до второ олимписко злато по ред ќе биде поуспешниот од второто полуфинале меѓу Јапонија и Шпанија. Натпреварите за златниот и бронзениот медал се играат в петок.
