Кошаркарите на Фенербахче триумфираа против Црвена звезда со резултат 73:71 во рамките од 18 коло во Евролигата.
Херој на турската екипа беше поранешниот играч на белградските „црвено-бели“ Лоренцо Браун кој реализираше во последната секунда од натпреварот.
За српскиот претставник прв стрелец беше О`Брајант кој се истакна со „дабл-дабл“ учинок од 17 поени и 10 скока. На спротивната страна по 13 поени имаа Пјер и Браун.
Фенер после осмата победа, трета по ред, се наоѓа на 12 место на табелата (8-10), додека Црвена звезда е на 15 позиција (6-12).
Лидер е ЦСКА Москва (12-3), пред Реал Мадрид (12-5) и Барселона (11-6), а четвртопласиран е Баерн (11-6).