Повеќе од половина милион луѓе ја примија првата доза на вакцината на Фајзер/Бионтек во Велика Британија, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

На прес-конференција на денот кога повеќе од 40 земји ги прекинаа сообраќајните врски со Велика Британија поради појавата на нов вид на коронавирусот во таа земја, Џонсон рече дека ја разбира нервозата во другите земји.

Тој нагласи дека британската Влада дејствувале „штом била информирана” за појавата на нова варијанта на вирусот, јави Би-Би-Си.

Тој, сепак, изјави дека постои „многу мал” ризик возачите во камиони што стојат во пристаништето Довер и не можат да го продолжат патот кон Европа да го шират коронавирусот.

Џонсон исто така рече дека училиштата може да бидат повторно отворени во јануари, но дека тоа ќе зависи од ширењето на пандемијата.