Односите на Бугарија со Албанија и Косово се пријателски и постои взаемна симпатија, вели поранешниот амбасадор на Бугарија во Тирана и Приштина, Боби Бобев, во еклузивно интервју за Zoom.mk.
„Многу важен за овие односи е фактот дека двете земји немаат отворени или нерешени проблеми едни со други, и двата народа имаат пријателски чувства на взаемно симпатија. Политичкиот дијалог, вклучително и на највисоките нивоа, беше успешен“, тврди амбасадорот Бобев.
Тој смета дека постои голем потенцијал за поблиска соработка со Албанија во голем број области, политички, трговски и економски, образовни и културни.
Според него, голем напредок на албанско-бугарските односи е признавањето на бугарско малцинство во Албанија.
„Овој случај беше решен со промена на законодавството во 2017 година, и ова не беше само одраз на реалноста, туку и гест на добра волја од албанската политичка класа и од релевантните државни институции“, додава Бобев.
Бобев потсетува дека Бугарија била меѓу првите земји од регионот што ја признал независната на Косово во март 2008 година, заедно со Унгарија и Хрватска.
„Меѓусебните односи со најмладиот политички субјект на Балканот се карактеризираат и со меѓусебна добра волја и сочувство, како и отсуство на сериозни проблеми“, смета Бобев барајќи потпишување на договор за пријателство и соработка, како и обезбедувањето помош преку процесите на интеграција за Косово.
Според него, развојот и интензивирањето на односите со Албанија и Косово не значи отсуство на контакти со албанските заедници во другите земји во регионот, особено на ниво на трговски и економски осноси и преку партиски структури.
„Тие ќе се реализираат во рамките на односите на Бугарија со соодветните земји“, смета Бобев./Zoom.mk