Барселона како гостин во фантастичен натпревар славеше со 2:1 против Виљареал. По 26.минути „Жолтата подморница“ поведе со голот на Чуквуезе. Но, само две минути подоцна на сцена стапи Антоан Гризман. Французинот блесна кога е најпотребно. Прво во 28-та минута израмни на 1:1, со прекрасен лоб удар, а во 35-тата погоди за целосен пресврт по катастрофалната грешка на одбраната на домаќинот. До крајот на мечот ова се покажа како конечен резултат.

Трката за титулата ќе биде жешка. Атлетико прв со 73, втор Реал со 71, исто колку и Барселона.