Видеото на Неуралинк долго три минути го прикажува Пејџер, макаки мажјак, кој на двете страни на мозокот има вградени чипови, како игра „Мајнд понг“. Иако бил трениран да игра користејќи џојстик, тој дел од конзолата сега е исклучен. Движењата во играта ги контролира мислејќи на движење на рацете горе или доле, пренесува Ројтерс.
„Првиот производ на Неуралинк ќе им овозможи на лицата со парализа со мислите да управуваат со смартфон побрзо отколку што некој би можел користејќи прсти“, објави Маск во четвртокот на Твитер.
First @Neuralink product will enable someone with paralysis to use a smartphone with their mind faster than someone using thumbs
— Elon Musk (@elonmusk) April 9, 2021
Подоцнежни верзии би можеле да им овозможат на параплегичари повторно да одат, најави Маск.
„Уредот е вграден на ниво на черепот и се полни безжично, па изгледате и се чувствувате сосема нормално“, кажа тој.
The device is implanted flush with skull & charges wirelessly, so you look & feel totally normal
— Elon Musk (@elonmusk) April 9, 2021
Неуралинк ги снима и декодира електричните сигнали од мозокот на мајмунот користејќи две илјади електроди вградени во делот на мозокот кој ги координира движењата на рацете, се наведува во видеото.
„Користејќи ги овие податоци го калибрираме декодерот математички моделирајќи ја врската меѓу примероците и мозочната активност и различните движења на џојстикот кои ги произведуваат“.
Monkey plays Pong with his mind https://t.co/35NIFm4C7T
— Elon Musk (@elonmusk) April 9, 2021
Неуралинк е формиран во 2016 година во Сан Франциско и планот му е со вградување безжични чипови во мозокот да помогне во лекувањето на невролошките состојби како Алцхајмер, деменција и повреди на рбетот, но и да ги спои човештвото и вештачката интелигенција.