Центарот за управување со кризи утрово соопшти дека ниту едно село не е во опасност засега од пожарите. Сепак, тие не се целосно изгасени. Опасноста од нивно проширување се уште е тука, а битката со пожорот во близина на селото Будинарци, Беровско, во планинскиот дел се уште трае. Голем број на пожарникари, домашни и од Австрија, војска, полиција, волонтери граѓани, учествуваат во гаснењето. Како што може да се забележи, гасењето се одвива со хеликоптер на македонската Армија, поради тешко пристапниот терен.