Кога Били Ајлиш изјави дека со новата фризура ќе означи почеток на нова музичка ера во нејзината кариера, таа не се шегуваше. Младата пејачка денес, на својот инстаграм – профил објави дел од новата песна, која веќе привлекува големо внимание.
Во краткото видео, можеме да ја видиме Били како седи на златна фотелја, свртена со грб кон камерата, додека го слуша текстот на песната: „Кога сум далеку од тебе, јас сум посреќна од кога било“.
Инаку, Били најавуваше нова музика уште од декември минатата година, кога објави дека работи на нов албум, а по тој повод најави што ќе ја обои косата. Со оглед на тоа што ја смени фризурата пред еден месец, оваа нова песна не претставува големо изненадување.