Белграѓанец со криминално досие, денес околу 14.30 со својот автомобил Тојота РАВ4 ја проби заштитната ограда пред Националното собрание. Откако излегол од автомобилот Павле Б. (41), извикувал: „Министри, излезете!“

Само неколку часа пред да создаде хаос во Белград, на Фејсбук објави видео во кое на своите следбеници им порача да излезат на улиците и дека не треба да биде единствениот што „крвави“ за другите.

Како што пренесуваат српските медиуми Павле Б. е родум од Белград и на полицијата и бил познат по своето криминално досие за трговија со дрога. Toj iсто така бил обвинуван и за трговија со луѓе.

Осомничениот е уапсен веднаш и одреден му е притвор во времетраење од 48 часа. Полицијата сè уште ја утврдува причината за инцидентот пред собранието.