Вечерва во емисија „Таргет“ што се емитува на zoom.mk, наш гостин е Генералниот Секретар на „Алтернатива“, Беким Сали. Со него ќе разговараме за актуелната политичка состојба.
ВИДЕО: https://www.facebook.com/watch/?v=496378818305772
„Злоупотребувачите на Општина Чаир не треба да бидат заплашени од некое посебно име, туку од нивната свест за измамите направени во неколку циклуси по ред. Тие се исплашени од: узурпација на јавни простори, бетонирање на секој агол од Чаир, неодржување на јавни простори, мизерна состојба на патиштата и уличките, уништување на училиштата и градинките, сообраќаен хаос и недостаток на сообраќајно решение, негирањето на потребите на еснафот на чаршијата и уништување на културното наследство, крајна партизација на администрацијата во Општината, злоупотреба на спортот и спортски објекти за лични цели, задушување на културниот живот и исцрпување на перспективата и екстремно зголемување на чувството на несигурност кај граѓаните. Што се однесува до вашето прашање за фракциите и евентуалните поделби во рамките на ДУИ, ова не носи голема тежина за нас, ниту пак се заморуваме да се прашуваме дали има поделби во нивниот табор. Тие можат да се поделат и обединат, но да не го делат народот и не ја бркаат нашата младина. На крај, нивните поделби и обединувања никогаш не биле заради интересите на граѓаните, туку само заради одредени клански и деловни интереси. Нашата победа не се базира на нивното нарушување, туку на нашата работа“, рече меќу другото за нашата емисија, Сали.
Следете го подолу целото интервју: