Стотици автомобили со часови стојат заглавени на граничниот премин Евзони во Грција и чекаат излез од земјата и влез во Македонија, пренесува Фокус.

Нервозни возачи немаат информација која е причината за застојот, во време кога голем број на граѓани се враќаат во земјава по викендот.

На спротивната страна, односно на Богородица, за влез во Грција нема гужва.

Голем дел од нив се и македонски граѓани кои биле за викенд во соседна Грција.

ВИДЕОТО е преземено од Фокус.