Претседателот на гигантот за видео игри „Valve“ откри дека компанијата работи на развивање на „BCI“ технологија (Brain-Computer Interface) велејќи дека ќе направи револуција и суштински ќе го промени човечкото искуство.

Гејб Њуел изјави дека „Valve“ со платформа за невронаука „OpenBCI“ работат на наоѓање начин за поврзување на човечкиот мозок со компјутер, пишува „Индепендент“.

Една од целите е да им се обезбеди на луѓето целосно да се впуштат во видео игрите со помош на специјален „VR“ сет.

Го стимулира човечкиот мозок

Специјалниот уред ќе биде дизајниран да испраќа имулси директно во делот од мозокот одговорен за визуелни, аудио или сензорни повратни информации, искуството на корисникот ќе биде значително подобрено, велат од комапнијата.

Реалниот свет ќе престане да биде мерило што го применуваме за најдобра можна визуелна верност“, вели Њуел.

Instagram

Реалниот свет ќе изгледа рамен, безбоен и нејасен во споредба со искуствата што ќе можете да ги создадете во мозокот на луѓето“, додава тој.

Во прилог можете да го погледнете видео за невро-компјутерска технологија и нејзините можности.