Барселона вечерва со многу мака го совлада Валјадолид со 1-0 во 29. коло од шпанската Ла Лига.
Гостите се претставија во одлично издание, не се исплашија од славниот ривал и парираа во најголемиот дел од мечот. Сепак, не издржаа до крајот, по една одбиена топка, Дембеле со волеј од десетина метри го совлада Масип и ѝ донесе победа на својата екипа од 1-0.
