Барселона и Јувентус одиграа пријателски меч, во рамките на традиционалниот „Гампер куп“ кој го организираат Каталонците. Домашниот тим славеше со 3:0 и со тоа практично почна ерата без Лионел Меси. Јувентус и со Кристијано Роналдо во тимот не успеа ништо повеќе да стори.
Депај, ново засилување од Лион, по само три минути игра ја затресе мрежата на Јувентус. За вториот гол се чекаше до 57-ма минута кога на асистенција на Депај, Брајтвајт зголеми на 2:0, а конечните 3:0 ги постави Пуиг во втората минута од судиското продолжение.