Барселона ја запиша 10 победа (трета по ред) во шпанската „Ла Лига“, вечерва на гостински терен со убедливи 0:4 славеше против Гранада.
Уште во првото полувреме составот на Куман покажа дека е фаворит на оваа средба, Гризман ја започна гол серијата, па асистираше на вториот погодок, дело на Меси.
Аргентинецот непосредно пред паузата уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а Гризман ги потврди одличните перформанси со уште еден гол во 63 минута. Во 78 минута домаќините останаа со играч помалку поради црвениот картон на Ваљехо.
На табелата моментно каталонскиот клуб е на третата позиција со 34 бодови од 18 натпревари, зад Атлетико Мадрид (38) кој има 15 мечеви и Реал Мадрид (36) од 17 мечеви.
Претходно се одигра мечот помеѓу Севиља и Реал Сосиедад, домаќините славеа со конечен резултат 3:2.
ВИДЕО: Прекрасен лоб од 20 метри во Шпанија, но во сопствената мрежа!