Најмалку осум лица загинаа во пад на балон со топол воздух во Бразил, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава, во балонот имало 22 лица.

Несреќата се случила во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти гувернерот Жоргињо Мело. Во објава на платформата „Икс“ утринава, Мело изјави дека несреќата се случила во Праја Гранде и додаде дека локалната заедница е во шок поради трагедијата.

Потврдено е дека две лица преживеале.

„Екипите се уште трагаат по другите“, рече гувернерот.