Фудбалерите на Баерн Минхен се опоравија после шокот во Купот на Германија каде беа елиминирани уште во второто коло, откако денеска со 2:1 славеа против Фрајбург.

Во 16 коло од Бундеслигата екипата предводена од тренерот Ханси Флик успеа да се издигне после два врзани порази во сите натпреварувања.

Иако имаа дури 26 удари (девет во рамките на противничкиот гол), само два завршија во мрежата на гостинскиот голман.

Левандовски го постигна првиот погодок во седмата минута, а резултатот го израмни Петерсен во 62 минута. Кога сите помислија дека баварскиот клуб и третпат во низа ќе киксне, тоа не го дозволи Томас Милер во 74 минута.

Тоа беше доволно за Баерн да остане на врвот во најквалитетната германска лига со 36 бодови, додека Фрајбург е осмопласиран со 23.