Американскиот претседател Џо Бајден ја искористи можноста за предвремено гласање на претседателските избори и гласаше во Вилмингтон, во американската сојузна држава Делавер, пренесува Ројтерс.
Бајден, кој се откажа од својата кандидатура во јули, им се придружи на голем број Американци кои го искористија своето право да гласаат предвреме, пред 5 ноември, кога е денот на изборите во САД.
Тој оцени дека потегот на американскиот милијардер Илон Маск, сојузникот на Трамп, да им даде на републиканските гласачи лотарија награда од милион долари е „целосно несоодветен“, пренесува Танјуг.
Маск рече дека неговиот комитет за политичка акција кој го подржува Трамп „America PAC“, ќе дава по еден милион долари секој ден до изборите на секој што ќе ја потпише неговата петиција со која ги поттикнуваат републиканците во клучните држави да се регистрираат за гласање.