Порталот Тетова сот објави видео, кое го добиле од читател, а на кое се гледа како патнички автобус „лета“ со 150 километри на час на автопатот Скопје-Тетово. Ограничувањето на брзината на автопатиштата во Македонија е 120 километри на час, но важи за автомобили не и за автобуси. Автобусите можат да се движат со максимална брзина од 100 километри на час. Се што е над ова е казниво со закон.