Десетици возила и околу 150 пожарникари, од кои повеќето волонтери од Австрија пристигнаа во Македонија со цел да помогнат во гасењето на пожарите. Првиот конвој пристигнал пред два дена, а вториот утрово.
Колку се организирани Австријците, иако станува збор за волонтери, покажува и фактот што со себе имаат цела кујна. Таа се наоѓа во возило специјално опремено за оваа намена, односно направено да биде како кујна, со сите потребни апарати.
Главен шеф на кујната е пензионер, кој како што вели ова го работи на волонтерска основа, не добива, ниту сака пари за ова.