Женската трка во спуст во Валдизер беше привремено прекината по големата несреќа на Никол Шмидхофер.
Австриската скијачка стартуваше како 11-та од стартот, а кон крајот на патеката изгуби контрола со брзина од 115 километри на час и удри во заштитната ограда.
Поточно, таа помина низ два реда од оградата и излета во шумата. Таа беше спуштена на носилка до целта.
Изгледаше страшно во прв момент, а првите информации велат дека Австријката нема посериозни повреди.
– Скијачката се здоби само со повреди на лицето и не моравме да користиме хеликоптер. Заштитната ограда беше санирана и трката продолжи, а разбирливо е дека сите беа загрижени за скијачката, навистина стравичен момент. Таа на носилка беше спуштена до целта и немаше посериозни повреди – изјавија организаторите на трката од Светскот куп.