Кралот Чарлс се соочи со скандирањата „ти не си мој крал“ од жена сенатор веднаш откако го заврши својот говор во австралискиот парламент. Лидија Торп викаше и ја прекина церемонијата во главниот град Канбера околу една минута пред да биде испратена од обезбедувањето.
Кралот само што се оддалечи од говорницата за да и се придружи на кралицата Камила, кога Торп почна да вика додека одеше напред од задниот дел на собранието. Откако упати обвинувања за геноцид, таа можеше да се слушне како вика: „Ова не е твоја земја, ти не си мој крал!“
По смирувањето на ситуацијата, кралската двојка ги поздрави граѓаните собрани околу парламентот. Се собраа и помал број демонстранти.