За разлика од Реал Мадрид кој често кикснува во Ла Лига оваа сезона, градскиот ривал максимално ги користи подароците и граби кон титулата.
Лидерот на табелата во Ла Лига во заостанатиот натпревар од првото коло со 2:0 ја совлада Севиља и ја зголеми предноста на табелата.
„Јорганчиите“ се лидери на табелата со 41 бод, четири повеќе од Реал Мадрид, но исто така имаат и два натпревари помалку од „кралевите“.
Атлетико Мадрид поведе во 17. минута преку Кореа кој одлично ја реализираше асистенцијата на Киран Трипие. По постигнатиот гол, тимот на Диего Симеоне го правеше тоа најдобро што го прави, го чуваше водството и чекаше шанса од контранапад. Токму таква шанса им се укажа во 76. минута кога акцијата на Маркос Љоренте ја искористи Саул да зголеми на 2:0.