Поп – ѕвездата Џастин Бибер, ја започна 2021 година со нов спот и сингл со наслов „ Anyone“, која премиерно беше изведена за неговиот новогодишен концерт.
Видеото во кое Бибер е во боксерски ринг е режирано од Колин Тили.
„Не можам да мислам на подобар начин да ја завршам 2020 година и да ја започнам 2021 година, отколку да славам со моите обожаватели и да издадам нова музика“, рече Бибер во официјалното соопштение за јавноста.
„Музиката спаси многу работи во претходната година. За мене лично, музиката беше лек Мојата нова песна „ Anyone“ е полна со позитивна енергија за годината која започна“, рече Бибер.
Новогодишниот концерт на Бибер е негов прв настап од ваков тип уште од 2017 година. Патем, во февруари 2020 година, пејачот издаде нов албум – „Changes“.