Првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека е разочаран од несолидарноста на Европската унија кога се во прашање вакцините против ковид 19.

-Јас сум разочаран од несолидарноста на посебно на Европската Унија со државите од Западен Балкан во однос на вакцините и сметам дека Западен Балкан е дел од огромна одговорност на ЕУ и ова покажува системска грешка во функционирање на Унијата по однос на солидарноста на земјите членки на ЕУ, но и со земјите аспиранти и кандидати за зачленување, кажа на денешната прес-конференција вицепремиерот Артан Груби.