По осум меча во Премиер лигата, Арсенал конечно победи. Совладан е Челзи во дербито на вечерта со 3:1. Ова е најубедливиот пораз на „Сините“ по оној од Ливерпул со 5:2.
Лаказет од пенал, Џака и Сака погодија за „Топџиите“, а за Челзи почесниот погодок го постигна Абрахам. Вреди да се напомене дека во судското продолжение Челзи не успеа да намали на 3:2 откако Жоржињо промаши пенал. Челзи е на шестото место на табелата со 25 бодови, додека Арсенал на ниското 14-то со скромни 17 бодови од 15 одиграни меча.
Извор: Спортм.мк