Крешник Бектеши од ДУИ во Клик Плус на ТВ 21 зборуваше за последните тензии во општина Арачиново. Рече дека не знае точно што се случило но испрати порака до министерот Оливер Спасовски да ја врши неговата задача за ред и мир.

„Добро би било Г. Спасовски да ја врши неговата работа за која е избран од пратениците и негова задача е да одржува ред во секое ќоше на Северна Македонија!“, рече Бектеши.

ТВ21: Вклучувајќи го и Арачиново?

„Да, општина Арачиново не е на Месечина, во Северна Македонија е“, кажа Бектеши.

Ваквата изјава на Бектеши следува по изненадувачката изјава на Спасовски, кој рече дека двете страни во Арачиново сами треба да најдат заедничко решение.

Инаку, општина Арачиново, неколку дена по ред беше затворена поради заканите упатени до градоначалникот. Брахим Ајвази негираше дека се заканувал, сепак ЈО веќе покрена постапка против него. Целиот проблем во Арачиново се случи поради една парцела каде е предвидено да се гради фудбалски терен за ФК Шкендија.

Видеото можете да го видите овде.