Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу едноставно не престанува да ја воодушевува македонската јавност со своите извонредни изведби на македонски песни.
По изведбата на бројни македонски песни како „Македонско девојче“, македонската химна, легендарната песна од Јонче Христовски – „Ако умрам ил’ загинам“ и многу други, јапонскиот оперски пејач Казухиро, сега ја отпеа и безвременската „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески.
Котецу е познат јапонски уметник, кој воедно е и дел од операта во Токио, но покрај своите професионални ангажмани, голем дел од своето време го посветува на истражување на богатата македонската народна музика од која и самиот е воодушевен и дава сè за да ја пренесе на свој, уникатен начин.
Останатите негови изведби можете да ги слушнете на неговиот „Јутјуб“ канал – „Tokyo Opera“.