Турција во изминатиот период води голема битка со природните катастрофи. Откако најголемиот туристички центар Анталија беше зафатен од страшен пожар, две провинции Бартин и Синоп во близина на Црното Море, се погодени од страшно невреме кое предизвика катастрофална поплава. Водата практично носеше се пред себе, од автомобили до куќи и објекти. Според тамошните новински агенци, најмалку четири лица загинале, а едно лице се смета за исчезнато. Властите соопштија дека хеликоптерите продолжуваат да ги евакуираат луѓето во погодените региони, наведувајќи дека некои патишта се затворени поради оштетени или урнати мостови. Обилните врнежи во регионот ќе се намалат во текот на утрешниот ден, објави турската метеоролошка управа. Северот на Турција е подложен на поплави во лето поради обилните дождови што паѓаат во тоа време. Најмалку пет лица загинаа во поплавите во истиот регион минатата година.
Maalesef kötü haberler geliyor. Bölgeden video bekliyorum. Teyitleyemesemde 2. Kat seviyesinin üstüne çıkmış durumda sel #bozkurt çok kötü durumda #abana #azdavay #inebolu da farksızdır eminim. #acil #destek #yardım #afet #sel #felaket pic.twitter.com/6egvtbRccj
— Oğuz Ünal Kalafat (@oguzunalk) August 11, 2021