„Ова е пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица ќе упатам честитки само до кандидатите во Кичево и во Брвеница. Тоа значи дека нашата македонска платформа дава резултати доколку се обединиме. За разлика од нив сетете се што и направија на Јована во Струга“, кажа Димитар Апасиев вечерва на прес-конференција.
„Ако треба да опишам во еден збор како помина вториот круг, тоа е ВМРО стагнира, Левица дуплира. Од првиот круг, Орце од Драчево има освоено плус 3 и пол илјади гласа што е само три посто зголемување, а Амар од Чаир има освоено плус 30 илјади и 500 гласа. Ова покажува дека опозициските тенденции се престројуваат позади Левица“, рече Апасиев.
„Од втора партија на ниво на цело Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија, пред ВМРО-ДПМНЕ, во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром. По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и Вреди ги зафркна ДПМНЕ насекаде кадешто очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија, патриот продолжете да си го гласате Мицкоски“, додаде Апасиев.
Текстот (Видео) Апасиев: ВМРО стагнира, Левица дуплира е превземен од МАКФАКС.























