Милвоки бакс го совлада Далас маверикс со 112:109 во натпревар на кој не се прослави Јанис Адетокумпо.
Иако го предводеше Милвоки со 31 постигнати поен, Адетокумпо имаше катастрофален шут од линијата за слободни фрлања, погоди само еден од 10 шута. Поради тоа, тој по натпреварот се казни така што остана да одработи шутерски тренинг.
Со катастрофалиот учинок од линијата за слободни фрлања, Адетокумпо стана четвртиот НБА кошаркар кој во последните 25 години имал 10 проценти успешност од слободните фрлања, покрај него вака катастрофално шутирале уште и Андре Драмонд (четири пати), Шекил О’Нил (два пати) и Ал Хорфорд.
Сепак неговиот тим славеше против Далас, а најголем дел од заслугите одат на сметка на Крис Мидлтон кој постигна неколку важни шутеви во финишот.
Во редовите на Далас кој ја прекина серијата од четири победи, блескаше Лука Дончиќ со 28 поени, 13 асистенции и 9 скокови.
Актуелниот шампион ЛА Лејкерс со 112:95 го совлада Њу Орлеанс иако во првата четвртина имаше негатива од 15 поени. Интересно е што Ентони Дејвис откако беше разменет во Лејкерс, нема ниту еден пораз во дуелите со поранешниот тим (пет победа), а сега во триумфот учесвуваше во 17 поени. Леброн Џејмс беше прво име во триумфот со 21 поен и 11 асистенции.
Екипата на Јута благодарение на серијата од 21:0 ја совлада Атланта со 116:92. Донован Мичен постигна 26 поени, а Бојан Богдановиќ даде 17 поени.
Резултати:
Бостон – Орландо 124:97
Кливленд – Њујорк 106:103
Милвоки – Далас 112:109
Оклахома – Чикаго 127:125
Јута – Атланта 116:92
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто – ЛА Клиперс 100:138