Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови изби веднаш покрај патот, од Скопје кон Блаце. Овој пожар вчера навечер и во текот на ноќта се разви во голем пожар, при што зафати и делумно шума, извеси директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Рано утрово скопската противпожарна бригада со повеќе возила и екипи започна со гаснење, а како помош се придружија и два полициски хеликоптери, еден армиски хеликоптер, за прв пат еден Пинцгауер на ДЗС и еден Хермелин со поголема цистерна на ДЗС.
Покрај нив на лице место има поголем број пожарникари, пожарот е ставен под делумна контрола, за жал се уште имаме активни два краци, едниот предмалку е ставен под контрола благодарение на полицискиот хеликоптер“, соопшти Ангелов.
Тој најави повеќе информации во текот на денот.
Текстот (Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце е делумно под контрола е превземен од МАКФАКС.