Македонската пејачка Андријана Јаневска извести дека настапила во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб на јубилејниот 20-ти концерт „Севдах во Лисински“.
„На барање на организаторот ја изведов легендарната „Зајди, зајди јасно сонце“, како и „Јовано, Јованке“ и „Македонско девојче“ во придружба на оркестар составен од 11 врвни музичари од Босна и Херцеговина.
Посебен момент на гордост како единствена Македонка на сцената почувствував кога публиката заедно со мене ги пееше македонските народни песни“, вели Јаневска.
Текстот (Видео) Андријана Јаневска: Публиката во „Лисински“ во Загреб заедно со мене ги пееше „Зајди, зајди“ и „Јовано, Јованке“ е превземен од МАКФАКС.























